Македонија

Борба со огнената стихија: пожарот кај Струмичко Водоча директно се заканува на куќите

Борбата со огнот продолжува – најмалку 11 активни пожари на отворен простор

Борбата со огнот продолжува – најмалку 11 активни пожари на отворен простор. Во моментов регистрирани се вкупно 20 пожари, од кои 3 се под контрола и 3 се успешно изгаснати. Најалармантен е пожарот во Струмица во близина на селото Водоча. Сериозна закана се пожарите и кај Општина Студеничани – во насока на планинското село Цветово, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото Никуштак, во Општина Врапчиште – кај село Ломница, Општина Желино – село Церово, во Општина Тетово – кај село Бродец и Општина Прилеп – кај село Бонче, Коњари и Мажунчиште.

„Имаме појава на повеќе тешки пожари кои што избувнаа во текот на денешниот ден. Најалармантен е пожарот во близина на Струмица во селото Баница и Водоча, кој што се заканува на селските куќи од првиот ред. На лице место се пожарникарите од Струмица, побарав итна помош од пожарникарите од Валандово и Радовиш.“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

На терен се ангажирани противпожарни екипи од повеќе општини, а во справувањето со пожарите се вклучени и пирпадници на Армијата, воздухопловните сили и локалното население. Високите температури, сушната вегетација и засилениот ветер дополнително го отежнуваат справувањето со огнените жаришта и го зголемуваат ризикот од нивно брзо ширење.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top