Македонија

Бришење на македонскиот идентитет и јазик е опасен преседан за ЕУ – Реакција на Централниот совет на Македонците во Германија

Упатено официјално писмо до повеќе водечки европратеници, во кое е изразена длабока загриженост поради предлог-амандманите

Ставот на Централниот совет на Македонците во Германија во врска со претстојното гласање за Извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент е дека со бришење на „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ во Европскиот Парламент се врши  манипулација со историјата и Македонците.

Централниот совет на Македонците во Германија упати официјално писмо до повеќе водечки европратеници, во кое изрази длабока загриженост поради предлог-амандманите што се најавуваат во Извештајот за напредок на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската Унија.

 

Станува збор за обиди, особено од страна на европратеници од Бугарија, да се избришат или релативизираат поимите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ во официјалниот документ. Наместо тоа, се предлага употреба на термин како „модерен македонски идентитет“ – што според нашето мислење претставува грубо негирање на историската и културната реалност на македонскиот народ.

 

Македонската заедница во Германија гледа на овие предлози како на сериозна закана за европската интеграција на Македонија и како на обид за политичка инструментализација на историјата. Особено загрижува фактот што, според медиумски извештаи, дури и големите европски политички групации како Европската народна партија (ЕPP) и Социјалистите и демократите (S&D) се подготвени да ги поддржат овие промени.

 

Македонија веќе направи тешки компромиси, вклучувајќи ја и промената на името, со цел да ги отвори вратите кон НАТО и ЕУ. Новите обиди за негирање на македонскиот идентитет и јазик претставуваат длабоко разочарување и опасен преседан за Европа.

 

Го повикуваме Европскиот парламент и сите негови членови да ја заштитат вистината, достоинството и културниот интегритет на македонскиот народ, како дел од европските вредности за кои сите се залагаме, се вели во реакцијата на Централен совет на Македонците во Германија објавена денеска.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

To top