Македонија

Бугарското МВР дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини

Антимакедонска операција на бугарската група која има блиски врски со тајни служби на земја која не е дел од НАТО

Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни.

Блокадата која ќе трае 2 часа е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија.

Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека П
протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.

Целта според најавата е да му се покаже на македонскиот премиер Мицкоски дека не може да продолжи со наводниот прогон на Бугари во Македонија.

,,Дојдете оваа недела од 11 часот на една од трите гранични точки со Македонија за заедно да ја блокираме границата со Македонија 2 часа.
Целта е демонстративно да му се покаже на Мицковски дека не може да продолжи со прогонот на Бугарите во земјата”, стои во најавата.

,,Нашата цел е да му покажеме на Мицковски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме 2 часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари”, повикува фондацијата Македонија која има блиски врски со тајни служби на земја која не е дел од НАТО.

Најчитани вести

Три години пропаст на НЛБ банка, по 25 години верност легендата разочарана

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

To top