Македонија

Циклонска активност: Од дожд до снег во наредните денови

Минималните температури ќе се движат од 7 до 12 степени, а максималните ќе достигнат од 10 до 17 степени Целзиусови.

Низ Република Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец со брзина над 60 км/ч.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 12 степени, а максималните ќе достигнат од 10 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 8 степени, а максималната до 14 степени.

Под влијание на циклонска активност, во наредните денови времето ќе остане променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места и во некои пониски котлини. На планините во западните делови се очекува формирање на нова снежна покривка, а помала покривка е можна и во пониските места.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, додека во деновите од викендот – особено во сабота – повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и снег, на места пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top