Македонија

Црвените линии на Филипче 40 дена патуваат кон собранието

Црвените линии на Венко Филипче и на СДСМ за позицијата на Македонија при преговорите со ЕУ, сè уште не се доставени во Собранието.

facebook.com/filipce.venko

Црвените линии на Венко Филипче и на СДСМ за позицијата на Македонија при преговорите со ЕУ, се уште не се доставени во Собранието.

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информираше дека претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, досега не ја доставил резолуцијата до законодавниот дом, за да може да биде ставена на дневен ред на пленарна седница.

Филипче летово најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција за македонските црвени линии во Собранието со која се штити македонскиот идентитет и повика таа да биде усвоена со консензус од 120 пратеници. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ експресно го отфрли предлогот, со образложение дека Филипче праќа порака до Бугарите дека е подготвен на сè. Премиерот Христијан Мицоски, пак, коментираше дека опозицијата со пазарџиски трикови сака да спакува нов подарок за источниот сосед, односно, нова отстапка на грбот на македонскиот народ.

Филипче на 25 септември ја обелодени содржоната на резолуцијата која се потпира на две главни точки – Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ и дека Македонија е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени, со јасна определба дека е тоа последната пречка, без прифаќање на нови барања или прашања од билатерален и идентитетски карактер.

Документот, како што посочи, содржи и конкретна временска рамка, односно, Владата од 15 до 25 ноември 2025 година да се изјасни дали останува на истиот текст или подготвува и предлага нов текст на уставните амандмани. Ако предлага нов текст на амандманите, тој да биде усвоен од Владата и доставен до Собранието до 1 декември 2025 година. Во резолуцијата се предлага и Собранието да ја почне постапката за измена на Уставот и да се достигне до фазата на прво гласање најдоцна до 15 декември 2025 година, а Собранието да ја заврши постапката најдоцна до 10 февруари 2026 година и истиот ден Владата да испрати писмо до државите членки на ЕУ и до Европската комисија дека е исполнета нашата обврска за одблокирање на преговарачкиот процес.

Филипче пред локалните избори изборите повика и за резолуцијата подетално да се разговара по изборниот процес.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top