Македонија

Дали адвокатот на Михаилова бил само мамка која требало да го скрие ,,дипломатското” бегство на Ива

Македонските граничари не смееле да извршат претрес на официјалното возило со дипломатски таблички на Бугарија

Дали адвокатот на Ива направил „лажен цепелин“ за да одвлече внимание од дипломатската акција за нејзино извлекување од Македонија?

 

Ова е едно од прашањата кои се поставуваат откако Македонија објави дека Ива Михаилова не ја минала границата легално а Бугарија изјави дека не знаела за бегството на девојката и не ја примила преку граничен премин.

Сомнежите се уште поголеми откако граѓанин кој патувал кон Бугарија на денот кога избега Ива Михаилова посведочи за интересна ситуација која не мора да значи ништо но е многу интересен момент и со оглед на предходните иакуства со бегството на екс премиерот Груевски може да се аплицира како можно сценарио и во овој случај.

Изјавата на граѓанинот ја пренесува off.net.mk

,,Во саботата во 08:00 пред мене на Деве Баир помина ова ауди со дипломатски таблици на Бугарија. Имаше темни стакла, ќумур црни.

Застана една секунда кај наша полиција и без застанување кај Бугарите.

Модел Audi A8 Long. Можеш теле да пренесеш внатре а не пак девојче од метро и пеесет, поготово ако не смее да се контролора ради CD таблици”, вели граѓанинот чија опсервација ја пренесува off.net.mk.

Според меѓународните узанси лицата кои се наоѓале во бугарското дипломатско возило биле должни на граница да приложат дипломатски пасош и соодветна дипломатска лична карта (акредитација) за да го докажат својот статус и идентитет.

Во исто време согласно  меѓународното право, македонските гранични и царински служби не смеат да извршат претрес или преглед на официјално возило со дипломатски таблички на Бугарија (или на која било друга земја).

Овој статус е регулиран со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, чии потписнички се и Македонија и Бугарија.

Бугарија во случајот може да се вади со неповредливост на имотот.

Според Член 22 и член 30 од Виенската конвенција наложуваат дека имотот на дипломатската мисија и на самите дипломати е неповредлив. Тоа значи дека возилата се имуни на претрес, преглед, заплена или какви било извршни мерки од страна на органите на државата домаќин.

Доколку Бугарија и дала дипломатски статус на Михаилова тогаш Софија теоретски може да се вади на Виенската конвенција но ако таа границата ја минала како ,,слеп патник”  во дипломатско возило ова може да биде огромен удар за Бугарија која неодамна стана членка на Шенген зоната.

Фотографијата од Деве Баир е  фотомонтажа!

Што е лажен Цепелин?

„Лажен цепелин“ е една од најпознатите и најкултните хумористични фрази во историјата на македонскиот спорт. Овој израз потекнува од легендарниот тајм-аут на ракометната репрезентација на Македонија за време на натпреварот против Германија на Европското првенство во 2018 година во Хрватска.

Приказната зад фразата се случи во последните секунди од натпреварот, при резултат 25-25, кога тогашниот селектор Раул Гонзалес повика тајм-аут за да го организира последниот напад за победа:

• Капитенот Кирил Лазаров предложи да се одигра акцијата „цепелин“ (атрактивно додавање и шут во воздух).

• Стратегот Раул Гонзалес веднаш ја одби идејата, велејќи дека Германците се подготвени за тоа и дека „сите веќе го знаат тоа“.

• Во тој момент, пивотот Стојанче Стоилов во свој препознатлив стил дофрли: „А, лажен цепелин?“

Иако предлогот на Стоилов беше кажан во полушеговита конотација, камерите во живо го уловија овој момент кој веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи во Македонија. Фразата денес се користи како симбол за македонскиот спортски дух, снаодливост и хумор во напрегнати ситуации, а навивачите дури покренуваа и забавни онлајн петиции по скопските локали да се воведе специјалитет со името „Лажен цепелин бургер“.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Националниот портал треба да добие нови услуги од МВР и од Фондот за здравство

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги на националниот портал.

Филипче го праша ЕУ-амбасадорот Рокас: Дали СДСМ се предавници?! Има ли предавство зад уставните измени, или нема?!

Претседателот на СДС Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, упати прашање до евроамбасадорот Михалис Рокас, дали уставните измени навистина претставуваат предавство или е, наводно, „лажна пропаганда со која Мицкоски и ВМРО со години ги манипулираат и лажат граѓаните и ја држат државата во изолација“.

Основањето огранок на МНЛД на 23.11.1903 во Софија – силен изблик на македонската идентитетска самобитност во срцето на бугарската држава! (1)

На денешен ден, на 23 ноември 1903 година десеттина македонски интелектуалци и револуционери, предводени од Крсте Мисирков и неговите најблиски соработници Стефан Дедов, Јован Ангелов и Димитар Мирасчиев, го создаваат во Софија огранокот на Македонското научно-литературно другарство од Санкт Петербург, Русија. Само по два дена бугарската полиција брутално го растура огранокот: ноќта на 25 ноември ги уапсила членовите. Мисирков, испретепан, морал да бега во Русија. Без оглед што тој огранок траел само два дена, ова е особено значаен датум во македонската национална, политичка и културна историја. Тој ден пред 123 години во срцето на бугарската држава, која го негирала самото постоење на македонскиот народ со неговиот идентитет и јазик,  се случил силен изблик и проблесок на македонската национална, идентитетска, јазична и историска посебност и самобитност! Основајќи го софискиот огранок на МНЛД во Софија, Мисирков и македонските интелектуалци околу него им испратиле индиректна и моќна порака на тогашните бугарски властодршци и политички кругови: ние сме Македонци, а не Бугари, и дејствуваме според своја македонска политичка волја во средиштето на вашата држава! Тоа била порака и за Грците и Србите дека Македонците се Македонци и ништо друго.

Силјановска Давкова: Не е искрен секој, што тврди дека се работи само за уставни измени! – Соседите да не ни ја одложуваат ЕУ-перспективата на неодредено!

Недоволна предвидливост на понатамошниот процес на пристапување и на нашиот пат кон ЕУ, недоволно јасна граница меѓу критериумите за членство и билатералните политички прашања, како и отсуство на доволно институционални гаранции дека исполнувањето на договорените услови ќе овозможи реален напредок во преговорите и во самиот процес – се дел од димензиите важни за напредокот на […]

Мицкоски: Ќе бидам премиер уште една година! – Следните парламентарни избори во април 2028 !

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а мојот мандат како претседател на Владата завршува за нешто повеќе од една година. Целта на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е да слушнеме од граѓаните што е тоа што недостасува и да се подобриме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали најавената кампања на ВМРО ДПМНЕ е подготовка на предвремени избори.

To top