Македонија

Даниела Димовска e избрана за претседателка на Кривичниот суд Скопје

Таа досега ја вршеше функцијата в.д. претседател

Судскиот совет на Република Македонија ја избра Даниела Димовска за нова претседателка на Основниот кривичен суд Скопје.

Димовска, која досега ја вршеше функцијата в.д. претседател, избрана е со 11 гласа „за“ и четири гласа според Бадинтеровото начело.

За оваа позиција пријавени беа само двајца кандидати – актуелната в.д. претседателка Даниела Димовска и судијата Ивица Стефановски од истиот суд.

Димовска е поставена на должноста в.д. претседател пред нешто повеќе од една година, откако претходниот претседател Иван Џолев беше избран во Апелацискиот суд.

Најнови вести од: Македонија

Не се сите во Софија радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top