Македонија

Делчев: Не си припаѓаме на себеси и да не се плашиме од смртта! – Каде и да нѐ посети, да ја дочекаме со презир и да ја победиме!

Незаборав за македонскиот горостас Гоце Делчев, идеологот и водачот на македонската револуција, по повод одбележувањето на 154-тата годишнина од неговото раѓање.

Никогаш не заборавајте дека ние не си припаѓаме себеси. Нашите животи веќе се жртвувани на олтарот на каузата и кој и да ја изгуби оваа свест, престанува да биде револуционер. Затоа, да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме! – ова е дел од знаменитиот говор на Гоце Делчев, идеологот и водачот на македонската револуција, што го одржал на 23 јануари 1902 година пред македонските четници во селото Жерве, кое се наоѓа на 23 километри западно од Воденско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција.

Оваа вонвременска мисла  на Делчев, која моќно одекнува со сета своја сила и денес, по 124 години, ја запишал четникот Христо Силјанов во своите „Писма и записи на еден четник“, изнесувајќи сеќавања во нив и за својата средба со Гоце Делчев во селото Зелениче, во првите денови по Новата година во 1902- рата.  Силјанов бил четник во четата на војводата.

Денеска е 4 февруари. Ден кога во 1872 година е роден македонскиот горостас Гоце Делчев. Овие редови му го посветуваме нему.

Нетпрес

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top