Македонија

Делегација на Венецијанската комисија пристигна во Македонија

Делегација на Венецијанската комисија вчера имала средба со претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и со судијката Ана Павловска Данева.

Делегација на Венецијанската комисија вчера имала средба со претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и со судијката Ана Павловска Данева. На средбата, меѓу другото, било разговарано и за т.н. „балансер“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции, која Уставен ја укина лани во октомври. Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи соопшти дека претставниците на Венецијанската комисија се во Скопје на покана на Владата, упатена на 11 јули годинава, а во врска со мислењето што Комисијата треба да го даде за Законот за правична и соодветна застапеност што треба да го замени т.н. „балансер“.

Како што информираше Фетаи, владиниот тим одржал плодна дискусија со делегацијата за нацрт-текстот на законот. Тој нагласи дека предлог-законот е доставен на мислење до Венецијанската комисија со една суштинска цел, а тоа е решението да биде целосно усогласено со Уставот и европските стандарди, за да не се остава простор за толкувања или идни спорови.

Тој истакна дека до Комисијата биле упатени четири прашања: дали законот го унапредува уставниот принцип на правична и соодветна застапеност, земајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд за укинување на „балансерот“; дали нацрт-законот промовира еднаквост преку позитивна акција и со елиминирање на бариерите за вработување; дали предлог-законот е во согласност со другите уставни принципи, како основање, слобода и права, слободното изразување на етничка припадност, владеењето на правото и заштита на приватноста на сите граѓани; и дали владиното координативно тело формирано со овој закон е ефикасен механизам за обезбедување, почитување, афирмација, подобрување, унапредување и следење на принципот на правична и соодветна застапеност.

Фетаи изрази увереност дека мислењето на Венецијанската комисија за овие четири прашања, кое е во подготовка, ќе биде гаранција за донесување на силен и одржлив закон, како од уставно-правен така и од институционален аспект. Тој додаде дека со овој закон правичната застапеност за првпат станува јасна и законска обврска за сите институции, вклучително и на локално ниво.

„Дополнително, за шест месеци ќе се прави и усогласување на сите домашни закони кои директно или индиректно го засегаат прашањето на соодветна застапеност. По добивањето на мислењето од Комисијата, законот наскоро ќе стигне во Собранието и ќе влезе во парламентарна постапка и се надевам дека ќе добие широка поддршка што заслужува еден ваков сеопфатен проект“, рече Фетаи. Тој најави дека мислењето од Комисијата се очекува на почетокот на декември.

Уставниот суд го укина т.н. „балансер“ на 9 октомври минатата година. Одлуката да поведе постапка за „балансерот“ Уставниот суд ја донесе на 18 септември, по седницата на која судиите расправаа дали со наведувањето на припадноста на заедницата, што беше потребно за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на работните позиции и дали со „балансерот“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Предметот во Уставниот суд беше оформен по иницијатива на претходниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, затоа што од таму сметаа дека преку алатката се прават злоупотреби при вработувањата.

Одлуката за поведување постапка и за укинување на „балансерот“ предизвика реакции кај албанските партии, особено кај опозициските. Од ДУИ оценија дека таа одлука е почеток на уништување на меѓуетничките односи и дека ќе отвори нови проблеми што можат да ги разнишаат темелите на Охридскиот договор. Од друга страна, коалицијата на партии на Албанците ВЛЕН, која е дел од Владата, најави дека се подготвува нов закон за правична застапеност во кој ќе бидат отстранети недостатоците на „балансерот“.

Најнови вести од: Македонија

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи

Преку Фондот за градски експерименти и процесот на зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе прави чекор напред кон претворање на винскиот отпад во нови производи, развој на циркуларна економија и градење современа еко-туристичка понуда која ги поврзува винариите, културните знаменитости и локалните стопанства.

Нови можности за локалниот бизнис – Шведско-македонската стопанска комора отвора канцеларија во Скопје

Преку проекти за унапредување на локалната бизнис клима, Општината активно работи на подобрување на инфраструктурата, модернизација на административните услуги и директна поддршка на малите и средни претпријатија. Целта е да се унапредат условите за поефикасно водење бизнис, зголемена конкурентност и привлекување на нови инвестиции, кои ќе резултираат со нови работни места и одржлива локална економија.

ДУИ бара „правична и непристрасна постапка“ за Груби, ВМРО ДПМНЕ посочува дека ќе одговара за сите милиони евра, кои ги украл!

ДУИ „позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби, да се врати во земјата“, оценувајќи дека „со тоа се создава можност да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат прашањата преку транспарентна, правична и непристрасна постапка“. ВМРО ДПМНЕ денес реагираше по апсењето на Артан Груби: „Тој важи како  олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, и конечно ќе се соочи со правдата. Криминалот на бегалецот од правдата Груби достигна над 8 милиони евра. Има укажувања дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, украдени од граѓаните. Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија, освен што местеле милионски тендери, е и исплаќање аванси на деловни соработници. За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник. Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше. Сега е време на одговорност.“

Високото образование треба да создава стручни луѓе, а државата да бара отчетност од универзитетите

Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со Универзитетите го започнавме и на ист начин ќе го завршиме Законот за високото образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред почетокот на 4-тата јавна дебата, што денес се одржа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За лажна работна виза за Германија тетовка му платила 3 илјади евра на сограѓанин, потоа „испарил“!

Во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријави дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.

ТВ Телма дојде до видео-снимки на можниот сериски убиец и силувач од Старо Нагоричане! Се истражува смртта на пет жени! (Видео)

Телевизија Телма дојде до снимки, кои се од камери на една од куќите, каде што се гледа осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане. Видеото трае две минути, а на него се појавува крупен маж со подолга јакна и качулка на главата, кој се обидува да ја отвори вратата на куќата. Но таа е заклучена. Според изворите на Телма, се работи за дом кој се наоѓа блиску до местото познато како Коински мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Како дел од својата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, „Макпетрол“ издаде нов прирачник за препознавање и справување со врсничкото насилство

Најнови вести

To top