Македонија

Ден пред да биде обвинета, колегите на Димитровска држеле обука за интегритет и превенција од корупција

Завчера, на само еден ден пред да биде поднесен обвинителен предлог за предметот против претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, членовите на комисијата си одржувале oбука за интегритет и превенција од корупција за вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство. Но, кога станува збор за нивната претседателка и предметот кој се води против неа, членовите […]

Завчера, на само еден ден пред да биде поднесен обвинителен предлог за предметот против претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, членовите на комисијата си одржувале oбука за интегритет и превенција од корупција за вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Но, кога станува збор за нивната претседателка и предметот кој се води против неа, членовите на Државната комисија за спречување на корупција одбираат да молчат и да не бараат нејзина оставка, ниту го коментираат предметот, од моментот кога беше објавено дека е отворена истрага.

Денеска за „360 Степени“, одговориле дека останува на Димитровска дали ќе поднесе оставка или не.

„Државната комисија продолжува да работи редовно и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а нејзиното функционирање е од исклучителна важност за општеството. Одговорноста е индивидуална, поради што Комисијата поседува кредибилитет и продолжува со своето работење“, рекле од ДКСК.

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Димитровска за кривично дело Оддавање службена тајна и Компјутерски фалсификат, поврзано со предметот „Адитив“.

„Димитровска како второобвинета за оддавање службена тајна, со умисла како службено лице – претседател на ДКСК, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна“, кажаа од обвинителството.

Но, при истражување на нејзиниот мобилен телефон, откриле и фалсификат за положен испит на Димитровска, уште кога била државен ревизор.

„На истата обвинета ѝ се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Viber на третообвинетиот – ревизор во ДЗР, му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Третообвинетиот од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации. Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна“, откри Обвинителството.

Извор: Фактор.мк

Најнови вести од: Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и оваа година ја продолжи традицијата на оддавање признание на своите вработени за нивниот труд, стручност и посветеност кон безбедното и стабилно работење на рудникот. За празникот, сите вработени во САСА добија парична награда за своите залагања, додека на вкупно 121 вработен им беа доделени дополнителни парични награди и признанија за особен придонес кон остварувањето безбедно и стабилно производство и за другите активности поврзани со работењето на САСА.

Ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и нѐ храбри сите да истраеме на патот на доброто

Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица

To top