Македонија

Денеска, конечно, може и да заврне

Денеска претпладне ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи

Сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи, од каде за денеска издадоа портокалов метеоаларм за топло време за целата територија на Македонија.

Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 8 степени Целзиусови.

Најтопло ќе биде во Скопје, Гевгелија, Демир Капија и во Велес.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала облачност.

Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 35 степени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top