Македонија

Детска работилница за најмладите и рап забава со „Жабата“ за тинејџерите во Карпош

Општината за тинејџерите во Карпош

Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3, каде што во рамки на проектот „Нашето Маало-детска интерактивна просторна инсталација“, организирана од архитектот Ружица Ивановиќ, дечињата заедно со своите родители учествуваа во боење и цртање на претходно изработената макета од архитектката. На тој начин, на детската работилница најмладите карпошани освен што се дружеа помеѓу себе , тие и го развиваа својот креативен и уметнички потенцијал.

Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, со почеток од 20:00, часот, во една пријатна, релаксирана и маалска атмосфера беше прикажан филмскиот класик од Димитрие Османли – „Мирно лето“, каде што меѓу присутните карпошани беше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов.

Филмските проекции во рамки на културното лето ќе траат до 27-ми овој месец, каде што љубителите на добриот филм, заедно со своите соседи, роднини и пријатели, во предвидениот термин на истата локација, ќе можaт да уживаат во селектираните филмски остварувања од домашната македонска кинематографија. Вечерта кулминираше со рап изведбата на „Стефан Трајковски- Жабата“, кој со своите авторски изведби ја крена публиката на нозе и направи одлична забава пред своите маалски другари, соседи и пријатели. На настапот на „Жабата“, на фонтана во Карпош 3 беше присутен и заедно со жителите на Карпош 3 се забавуваше и дружеше првиот човек на Општината, Сотир Лукровски.

Најнови вести од: Македонија

Супериорниот Hi-Fi звук на Samsung Galaxy Buds4 Pro препознаен од аудио експертите

Признанието од страна на Асоцијацијата за експертско оценување на слика и звук (EISA) ги потврдува Galaxy Buds4 Pro слушалките како пример за долгогодишната посветеност на „Samsung“ кон испорачување Hi-Fi звук верен на оригиналот и интелигентни, адаптивни искуства при слушање

To top