Македонија

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

Намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, јасна заштита на македонскиот идентитет и продолжување на европскиот пат без отстапки по клучните национални прашања, се дел од ставовите што ги изнесе претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, осврнувајќи се на изборните реформи, односите со Бугарија и евроинтегративниот процес на државата.

Говорејќи за изборните реформи, Димитриевски посочи дека ЗНАМ предлага намалување на бројот на пратеници во парламентот, оценувајќи дека ваквата промена ќе придонесе за поефикасно функционирање на законодавниот дом, поголема одговорност на избраните претставници и рационализација на трошоците. – Не постои рационална причина Македонија да има парламент со 120 пратеници кога и држави со слична големина имаат помал број. Намалувањето ќе значи појасна одговорност и поголема отчетност кон граѓаните – изјави Димитриевски.

Тој нагласи дека со ваквата реформа позицијата на пратеникот треба повторно да добие поголема тежина во политичкиот систем, а парламентот да ја врати својата улога како централна институција на демократијата. Осврнувајќи се на односите со Бугарија, Димитриевски оцени дека одредени политики од Софија испраќаат загрижувачки сигнали и, како што рече, се во спротивност со европските вредности и принципи.

Според него, прашањата поврзани со идентитетот и правата на Македонците не треба да останат само билатерален проблем, туку треба да бидат разгледани и на европско ниво. – Недозволиво е во 21 век да се оспоруваат идентитетски прашања и да се создаваат пречки за демократско организирање на луѓето кои се идентификуваат како Македонци – истакна Димитриевски.

Врзано за европската перспектива на државата, тој нагласи дека Македонија останува посветена на европскиот пат, но без компромиси кога станува збор за националниот идентитет и достоинството на државата. 
– Македонскиот јазик, идентитет, писмо и култура се автентични и имаат свој историски континуитет. Ние сакаме да бидеме дел од Европа, но без да се откажеме од самите себе.

Тој додаде дека паралелно со евроинтеграциите, државата мора да продолжи со зајакнување на институциите и економскиот развој, посочувајќи дека европските вредности треба да се градат дома преку силни институции, економски напредок и почитување на националниот идентитет.

„Плус инфо“

Најнови вести од: Македонија

Ратко Младиќ, пресуда за ОВК, Децата на Козара, Цар Самоил – како Балканците пак се насамарени

Балканците по којзнае кој пат паѓаат на истиот испит. Гордо ја лапнуваат јадицата фрлена од некој таму горе, се закрвуваат меѓусебно, ги учат и новите генрации да ги хејтаат најбликсите, несвесни дека се злоупотребени, залудени и верувајте повторно претставени како непоправливи глупчовци

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top