Македонија

Димитров контра Мицкоски: Делчев не се борел за самостојна држава, туку за автономија на неослободените земји претежно со Бугари

Копретседателот на Мешовитата комисија од бугарска страна со спротивно гледиште за револуционерот од македонскиот премиер

Ангел Димитров, копретседател од бугарска страна на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, не ја пропушти 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев за апостолот на македонската револуционерна борба да го претстави како „еманација на бугарското ослободително движење во Македонија“.

„Гоце Делчев и ослободителните борби во Македонија и Одринско се неразделно и сеопфатно поврзани со нашето историско минато; тие се во сржта на бугарската национална целост“, вели Димитров во интервју за бугарската агенција БГНЕС, пред да изнесе тврдење за целта на борбата организирана од револуционерот и од историското ВМРО.

„Треба да се нагласи дека како идеолог се придржувал, во согласност со бугарската надворешна политика, до тезата за политичка автономија како многу реално политичко решение за културниот и економскиот развој на угнетеното население во овие области“, додава тој.

„Многу често се заборава дека тој не се борел за независна држава, туку за автономија на неослободените земји, некогаш населени со разновидно население, претежно Бугари“, вели Димитров во интервјуто за БГНЕС, дијаметрално спротивно гледиште од тоа на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој на гробот на Делчев денеска изјави дека „неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот, би ја нарекол епска“.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top