Македонија

Димитров: Македонија да прифати дека Охридската архиепископија е бугарска

Спротивно на македонската наука која потенцира дека Охридската архиепископија е автохтона словенска црква која израснала од делото на Свети Климент Охридски, со доминантно македонско население, и дека таа го претставува историското јадро врз кое легитимно е возобновена современата Македонска православна црква – Охридска архиепископија

Бугарскиот историчар и копретседавач на Заедничката македонско-бугарска историска комисија, Ангел Димитров, оценува дека „Комисијата се состанува редовно, но дека „работи во празно“.

Според него, една од најтешките теми во работата на Комисијата е прашањето за Охридската архиепископија, за која бугарската страна инсистира дека претставува директен континуитет на средновековната Бугарска патријаршија.

Во интервју за бугарските медиуми Димитров изјави дека македонската страна избегнува да се соочи со, како што рече, „историските факти“ поврзани со Охридската архиепископија.

Според него, токму ова прашање ќе остане еден од најголемите предизвици во работата на Историската комисија и во идните односи меѓу Скопје и Софија, пренесува Плусинфо

Прашањето за карактерот и наследството на Охридската архиепископија е точка на сериозно разидување меѓу македонската и бугарската историографија. Бугарските историчари цврсто застануваат на тезата дека Архиепископијата е директен правен и институционален континуитет на средновековната Бугарска патријаршија. Нивниот главен аргумент се темели на повелбите на византискиот цар Василиј II од 1019 и 1020 година, каде таа официјално е именувана како „Архиепископија на Бугарија“, како и на фактот што нејзините поглавари во текот на целиот 750-годишен период ја носеле официјалната титула „Архиепископ на цела Бугарија“.

Од друга страна, македонските историчари категорично ги отфрлаат овие тврдења, објаснувајќи дека терминот „Бугарија“ во византискиот контекст од 11 век имал административно-политичко, а не етничко значење. По падот на Самуиловото царство, Византија на територијата на географска Македонија ја формирала административната област наречена „Бугарија“, поради што и црквата со седиште во Охрид го добила тоа географско-административно име.

Изјавите на Димитров доаѓаат во период кога од бугарска страна сè почесто се испраќаат пораки дека процесот на европска интеграција на Македонија не завршува со внесувањето на Бугарите во Уставот. Напротив, сè погласно се отвораат и историски, идентитетски и културни прашања кои формално не се дел од европските критериуми, но практично стануваат предмет на политички притисок.

Во истото интервју Димитров оцени дека во Македонија и понатаму постои, како што рече, „антибугарска пропаганда“, тврдејќи дека таа е присутна уште од 1944 година до денес. Според него, тоа е една од причините поради кои историските спорови меѓу двете држави остануваат нерешени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top