Македонија

Димовски: Историјата на македонскиот народ е вековно патување низ духовната вертикала денес наречена МПЦ-ОА

Експратеникот за Македонците и нивната црква среде влијанието на пропагандите од три соседа и нивните цркви

Поранешниот пратеник Илија Димовски во објава на Икс за местото и улогата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во историјата на македонскиот народ.

„Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел е и вековно патување низ духовната вертикала некогаш наречена Охридска архиепископија (ОА), денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Оваа верска институција, наследник на славната Јустинијана Прима, која низ византискиот, средновековниот и отоманскиот период служеше како чувар на нашата политичка, културна и јазична одделност и засебност, денес претставува еден од клучните аргументи за нашиот континуитет.

Додека македонските територии биле освојувани од страна на византиски, бугарски или српски владетели, Охридската архиепископија останала засебна и автокефална. Таа била островот на посебноста, јасно одвоена од Цариградската, Трновската и Пеќската црква. Токму таа одвоеност била браната која го спречила целосното претопување на македонското население во соседните етно-културни матрици, за што сите ‘братски’ околни цркви вложувале енормни усилија, енергија и ресурси.

Трагедијата од 1767 година, кога ОА е противправно укината, е некаков црковен чин, иако е спроведен од отоманска муслиманска власт, но повеќе е и треба да се гледа како најтешкиот удар врз македонското битие. Со губењето на црквата, ние ја изгубивме институционалната рамка која требаше да нè води кон рана етно-национална преобразба. Со тој чин не била укината само една црковна управа, туку била прекината институцијата преку која македонското население со векови ја чувало својата духовна, јазична и културна самостојност.

Букурешкиот договор од 1913 година не е причина за нашата несреќа, туку само кобна последица на укинувањето на Архиепископијата. Да постоеше Охридскиот трон во 19 век, македонското прашање ќе имаше свој легитимен центар кој ќе ги осуетеше туѓите асимилаторски пропаганди. Немаше да бидеме дел од грчката Цариградска патријаршија, ниту да се надеваме на духовна слобода во славјанската Бугарска егзархија.

Во 19 век, кога на Балканот се формираа модерните национални идеи, црковната организација беше еден од главните инструменти на народното будење. Грчката, бугарската и српската пропаганда не дејствуваа само преку училишта и дипломатија, туку и преку црковна власт, богослужбен јазик, верска симболика, учителски кадар и контрола врз духовниот живот. Токму затоа отсуството на обновена Охридска архиепископија значеше отсуство на македонски институционален центар во најважниот век на балканските национални преродби. Не е тешко да се погоди дека и денес на Балканот постојат центри кои живеат во овој 19 век“, констатира Димовски.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top