Македонија

Директор на ЈП од Струмица 47 пати ја злоупотребил службената положба

Пријавениот директор на ЈП „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година донесувал одлуки за исплата на надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие

Поднесена кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Струмица, кој е осомничен дека во 47 наврати ја злоупотребил службената положба и за над еден милион денари го оштетил буџетот, информира МВР.

„СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во 47 наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своите службени овластувања и постапил спротивно на Законот за работни односи. Тој, повикувајќи се на Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во ЈП „Комуналец“ – Струмица, донесувал одлуки за исплата на паричен надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие.

Притоа, во 2022 година по тој основ за него и за 24 други лица од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 593.259 денари, додека пак во 2023 година за него и за 21 друго вработено лице по тој основ од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 502.179 денари.

Со таквите дејствија пријавениот го оштетил буџетот на јавното претпријатие за вкупен нето износ од 1.095.438 денари, велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

„Нетпрес“: За проневера на државни пари ќе одговара Зоран Ѓеоргиев, сопругот на контроверзната струмичка судијка Лорета Георгиева!

Поранешниот директор на струмички „Комуналец“ Зоран Ѓеоргие е осомничен дека со години незаконски исплатувал пари и оти го оштетил буџетот на претпријатието за над еден милион денари. Според информациите од полицијата, од 2022 до 2023 година, во дури 47 случаи донесувал одлуки спротивни на прописите и си овозможувал парична корист и за себе и за други вработени.

Ченто со честитка и порака до Савески: Да се исправат неправдите, Македонија мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава!

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, му упати честитка на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството. „Македонија не смее да остане заробена во неправда“, нагласи Јане Ченто.

Савески: Секој обвинител има законска обврска да се постапува по тековните предмети, нема да има приоритетни предмети, а партиите не се мој интерес!

„Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител за секој предмет.“ – нагласи новиот државен обвинител на Република Македонија Ненад Савески денес при давањето на свечената заклетва во Собранието на Република Македонија.

Најнови вести

To top