Македонија

Дизелот „паѓа“ на 95 денари за литар

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 денари по литар

Од вечерва, по полноќ, во 00:01 часот, дизелот и екстра лесното масло значително ќе поевтинат, додека цените на бензините се зголемуваат, одлучи Регулаторна комисија.

Така, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 денари по литар и ќе изнесува 95,00 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари и ќе изнесува 97,00 денари по литар.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар по литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 94,00 денари/литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 96,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг и ќе изнесува 44,410 ден/кг.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top