Македонија

Доставени се осум случаи до интерната комисија поради можни неправилности при кардиолошки интервенци

Доставени се осум случаи до Интерната комисија која беше формирана по информациите за можни неправилности при дел од кардиохируршките интервенции, а побаран е и надзор од Лекарската комора – соопшти министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција.

Доставени се осум случаи до интерната комисија која беше формирана по информациите за можни неправилности при дел од кардиохируршките интервенции, а побаран е и надзор од Лекарската комора – соопшти министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција.

– Пред неколку недели јавноста беше вознемирена од информации за можни неправилности при изведување кардиохируршки интервенции во одредени здравствени установи. Министерството веднаш реагираше и ја формираше Интерната комисија составена од медицинари, правници и економисти. Нејзина задача е да ги утврди фактите врз основа на медицински докази, меѓународни стандарди и прецизни методолошки правила. До Комисијата се доставени медицински досиеја за осум случаи, кои детално ќе бидат обработени за да се утврди вистината – рече Алиу.

На новинарско прашање, тој појасни дека случаите се доставени од една јавна здравствена установа, а не од пациенти.

– Од институција, не од поединец – додаде министерот.

Како што беше најавено, Комисијата утре ќе заседава и токму овие досиеја ќе бидат првите предмети по кои ќе постапува.

-Воедно, Министерството за здравство побара и вонреден стручен надзор за истите случаи од Лекарската комора – изјави Алиу.

За членовите на тричлената меѓународна комисија, министерот кажа дека најверојатно ќе бидат од Словенија, Италија и Австрија.

Тој нагласи дека граѓаните мора да бидат сигурни дека здравствените услуги ги добиваат врз основа на реални потреби и медицински докази, а не поради паушални оценки или корупција.

– Процесот што започнавме е терапија на здравствениот систем за враќање на довербата. Почнуваме со кардиолошките и кардиохируршките интервенции, но ќе продолжиме и во сите други области на здравството. Секоја област мора да се темели на стручност и почит кон пациентите. Довербата не се враќа преку ноќ, но чекор по чекор ќе покажеме дека здравството е на страната на граѓаните и дека нема враќање назад – рече Алиу.

Тој потенцираше дека никој нема да биде заштитен ако се докаже дека учествувал во неоправдани интервенции, без разлика дали станува збор за јавно или приватно здравство. Но, во исто време, никој нема да биде обвинет без цврсти докази.

– Отпочнат е чувствителен, но неопходен процес. Ќе го водиме објективно и транспарентно. На крајот, фактите и доказите ќе зборуваат – додаде министерот.

Во однос на прашањето зошто во моментов не се изведуваат операции на Кардиохирургија и зошто нема трансплантации, Алиу рече дека денеска имал состанок со раководството на клиниката. Проблемот е недостиг на стручни кадри, не само таму, туку и во други скопски клиники.

Тој најави дека се работи на билатерален договор со Словенија.

– Ќе има меморандум за соработка меѓу двете земји – рече Алиу.

Во пракса тоа ќе значи дека доктори од Словенија ќе доаѓаат во Македонија од три до шест месеци, а македонски лекари ќе заминуваат таму, со цел размена на искуства и знаење.

– Многу лимитирани се во моментов за операции на Кардиохирургија – додаде тој.

Алиу подвлече дека здравствениот систем е пред сериозни и големи промени.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top