Македонија

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва во партијата

Нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е пратеникот Драган Ковачки.

Оваа одлука е донесена на Централниот комитет на партијата кој се одржа вечерва.

За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Александар Николоски, Владо Мисајлоски, Гордана Димитриоска Кочоска, Тимчо Муцунски, Луке Галевски, Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски,  Филип Поповски и Бобан Николоски.

Кон овие членови ќе се придружат и новите претседатели на Унијата на жени и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Организационен секретар е Ивица Томовски, а шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е Владимир Нелоски, кој истата позиција ја има и како дел од владиниот кабинет на премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top