Македонија

ДУИ бара оставка од претседателот на Уставниот суд

СМС-пораките од „Безбеден град“ само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација, велат од партијата на Али Ахмети

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Сејф сити“, оценувајќи ги како скандалозни и неприфатливи.

Од партијата соопштија дека ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Безбеден град“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.

„Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Од ДУИ тврдат дека во последните две години Уставниот суд носел одлуки кои, според нив, ги поткопуваат достигнувањата од Охридскиот мировен договор. Притоа посочуваат дека албанските и турскиот судија во Судот биле надгласани.

ДУИ побара итна оставка од Костадиновски, како и од секој судија кој, според нив, ги поддржува ваквите ставови.

„Во спротивно, тој ќе сноси целосна одговорност за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи“, велат од ДУИ.

Во реакцијата, партијата упатува и критики кон коалицијата ВРЕДИ, оценувајќи дека е коодговорна за, како што велат, антиуставните постапки на Уставниот суд.

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Најнови вести од: Македонија

Савески: За одлуката на Ристоска дознав преку смс-порака, повлекувањето на овластувањата не беше лично

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изразува жалење за оставката на обвинителката Ленче Ристоска велејќи дека за причините за ваквата одлука дознал од медиумите. Тој тврди дека одлуката за одземање на овластувањата кои на Ристоска ѝ биле дадени од претходните обвинители не е персонална и насочена кон нејзината работа

„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во Македонија, Македонската берза организираше свечен настан на кој присуствуваа претставници на институциите, финансискиот сектор, деловната заедница и долгогодишни партнери.

Ќе се примат 300 нови професионални војници во АРМ – Повик до младите да работат во служба на татковината!

Министерството за одбрана на Република Македонија денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Контроверзен бизнисмен на Заев му дал 300.000 евра за инженеринг на референдумот

Македонската јавност за постоењето на Миодраг Давидовиќ – Дака дозна во времето на власта на Зоран Заев во 2020 година, кога на социјалните мрежи излегоа аудиоснимки за тоа како токму Заев зел пари за да се види со него и да направат некаков бизнис

To top