Македонија

ДУИ на посебен настан ќе го слави Охридскиот рамковен

Во поканата потпишана од претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Охридскиот договор е опишан како „еден од најзначајните моменти во современата историја“ на државата, со кој биле поставени темелите на мирот, стабилноста, мултиетничката демократија и евроатлантската перспектива

Владата денеска, организира одбележување во Клубот на пратениците, додека ДУИ за утре закажа сопствен настан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

На владиното одбележување е најавен панел на тема „Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција“, на кој како учесници се наведени градоначалникот на Тетово Билал Касами, поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов, заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, поранешниот дипломат и универзитетски професор Азиз Положани и Кларис Пастори, дипломат со искуство во Западен Балкан. Модератор на панелот е Венера Латифи Азизи.

На поканата за настанот стојат Владата и Министерството за односи меѓу заедниците, а одбележувањето е најавено по повод 25 години од Охридскиот рамковен договор.

Само еден ден подоцна, утре, на 13 август, годишнината од потпишувањето на договорот одделно ќе ја одбележи и Демократската унија за интеграција.

ДУИ организира настан во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, во чии рамки е најавена панел-дискусијата „25 години од Охридскиот мировен договор – наследството, предизвиците и иднината“.

Во поканата потпишана од претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Охридскиот договор е опишан како „еден од најзначајните моменти во современата историја“ на државата, со кој биле поставени темелите на мирот, стабилноста, мултиетничката демократија и евроатлантската перспектива.

 

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

В година нова авиолинија Дубаи – Скопје

Новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона. Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

To top