Македонија

Дурмиши: Над 40 милиони евра за вработување и нови мерки за работниците

Економско-социјалниот совет дал мислење и за конкретни мерки и за законски решенија

Економско-социјалниот совет го издигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде социјалниот дијалог е суштински дел од носењето на политиките, изјави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

На денешната едница на ЕСС, информира, се отворени важни прашања што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки и законски решенија.

Министерот посочи дека е разгледан Годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, со акцент на постигнатите резултати и потребата од дополнително унапредување на социјалниот дијалог.

Дискутирано е и за Предлог-законот за младински додаток кој посочи претставува значајна мерка за поддршка на младите, нивно задржување во државата и поттикнување на економската активност, како и за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, особено во делот на бенефицираниот стаж, со цел обезбедување поправеден и поодржлив систем за работниците во ризични професии.

– Оосбено важна точка беше Оперативниот план за вработување за 2026 година со кој предвидуваме околу 40 милиони евра за поддршка на самовработување, отворање нови работни места и обуки, што ќе придонесе за намалување на невработеноста, истакна Дурмиши, најавувајќи дека оперативниот план ќе биде објавен до крајот на месецов или на почетокот на следниот месец.

Разговарано е и за Предлог-законот за заштита од пушење, како и за Извештајот за работењето на Агенцијата за вработување.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top