Македонија

Една поинаква и поубава приказна: Дедо Мраз навистина постои

Празниците кои се ближат на секое детенце низ скопските улици ќе му донесат магични моменти кои ќе ги памети долго

Андреј Миневски и неговите соработници решија да израдуваат многу деца и да им ги стоплат срцата. Празниците кои се ближат на секое детенце низ скопските улици ќе му донесат магични моменти кои ќе ги памети долго. Со приближувањето на Новата година, Artist3dx и соработниците, започнуваат посебна иницијатива за да им донесат радост и надеж на дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“, дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“, лицата од ЦПЛИП „Порака“, како и дечињата кои ќе ги сретнат попатно, од социјално ранливи групи.

– Преку оваа иницијатива, имаме за цел да подготвиме и дистрибуираме новогодишни пакетчиња полни со подароци, закуски и основни предмети за да ги направиме овие лица да се чувствуваат сакани и ценети. Оваа иницијатива е желба, на мене и на моите соработници, за споделување добрина, ширење среќа и започнување на Новата 2026 година со чувство дека празниците се за сите. Заедно, можеме да им ставиме насмевки на лицата на дечињата и да ги потсетиме дека не се сами. Секој придонес, голем или мал, може да направи значајна разлика, па затоа ги поздравувам моите професионални соработници, без кои иницијативата немаше да биде возможна. Добрината е дел и од работата, а поддршката ја дадоа: Copytech, Клими Монт MK, Сервисен Центар Коп Компани, Eminimal Tatoo, Leon Obuca Macedonia, Artist3dx, GoNet, Kosmo Print, Guardian Angels MC 71, Three Bar & Kitchen , Рима Стил, Еко Циркон, Хотел Шарлота, Младен Стојановски, Чанкулови дизајн, Cebotex, Bango Winery, Еко Пор, Горска Вода како и нашата Мирјана Кукољ, вели Андреј Миневски.

– Да ја дочекаме Новата година давајќи им надеж и радост на оние на кои им е најпотребно, е чувство за кое вреди за да живее. Секое детенце кое тимот ќе го сретне низ улиците на нашиот убав град Скопје, ќе проба да го израдува барем за момент. Чудната санка на Дедо Мраз, полна со пакетчиња може да ја сретнете на булеварите во градот на 25, 26 и 29 декември.

На скопските улици, семејството на тимот: Copytech, Клими Монт MK, Сервисен Центар Коп Компани, Eminimal Tatoo, Leon Obuca Macedonia, Artist3dx, GoNet, Kosmo Print, Guardian Angels MC 71, Three Bar & Kitchen , Рима Стил, Еко Циркон, Хотел Шарлота, Младен Стојановски, Чанкулови дизајн, Cebotex, Bango Winery, Еко Пор, Горска Вода и Мирјана Кукољ, Ви ја честита Новата 2026 година со желби за убавини рој, соработки кои траат и моменти кои допираат.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top