Македонија

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

Континуираните инвестиции за намалување на техничките загуби и ефикасност на целиот систем

Дистрибутивниот систем оператор – Електродистрибуција, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа. Само во првата половинаод 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво.

Преку овие инвестиции, Електродистрибуција обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и намалување на загубите, следејќи гипотребите на корисниците, обезбедувајќи соодветнатехничка и стручна подготвеност, брзо и ефикасно приклучување на новите корисници на мрежа и квалитетна услуга на постојните

Континуираните инвестиции придонесуваат занамалување на техничките загуби, подигнувајќи гонивото на ефикасност на целиот систем.

Посветеноста на Електродистрибуција восоздавањето на модерна и ефикасна дистрибутивнамрежа е од посебна важност. Со тоа се овозможувасигурно и непречено снабдување на корисниците и етемел за идниот економски развој на земјата.

Најнови вести од: Македонија

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

To top