Македонија

Европратеник тврди дека Европарламентот се договорил да се исфрлат „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од извештајот за Македонија

Ковачев очекува дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП на пленарната седница следната недела

Европратеникот од Бугарија Андреј Ковачев тврди дека на барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент – Европската народна партија, Социјалистите и Либералите синоќа се согласиле да ги отстранат сите референци за „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Македонија.

 

Ковачев очекува дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП на пленарната седница следната недела.

 

,,Темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ. Ваквите теми водат само кон неединство и ја отвораат Пандорината кутија. Ова е потврдено во овој конкретен случај со постојаните појавувања на владејачката партија во Македонија, а особено од премиерот Мицкоски со неговите манипулации со „вековниот идентитет и јазик“, објави Ковачев кој доаѓа од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов која е на власт во Бугарија.

 

,,Неприкриената цел на властите во Македонија беше, во пресрет на локалните избори, да покажат некаков неверојатен триумф над „источниот сосед“ и со тоа да објаснат зошто би направиле некои козметички измени во нивниот устав и делумно би ги вклучиле Бугарите во него. И покрај невидениот притисок и лобирање, таков преседан не треба да стане дел од извештаите на Европскиот парламент или на која било друга европска институција.

 

Наместо тоа, РСМ треба да го почитува потпишаниот договор со Бугарија и да ја деблокира работата на историскиот комитет. Тоа е местото каде што треба да се дискутираат темите од нашата заедничка историја, како што е напишано во договорот.

 

Им благодарам на сите мои колеги од сите групи во ЕП, особено на бугарските, за единствениот став по оваа тема”, пишува Ковачев.

 

Пленарната седница на Европарламентот е закажана за идната недела.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top