Македонија

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Тој е дипломиран правник, магистер по правни науки на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, а има положено и правосуден и нотарски испит

На денешната седницата на Комисијата за извори и именување, Фатон Сељами, раководител на Подрачно одделение на Министерството за правда во Тетово, е утврден како предлог за нов Народен правобранител

Сељами беше предложен од страна на пратеникот Беким Ќоку од Вреди.

Тој е дипломиран правник, магистер по правни науки на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, а има положено и правосуден и нотарски испит.

За избор на Народен правобранител, потребни се 61 глас „за“ во Собранието, но и бадинтерово мнозинство, односно 20 гласови „за“ од вкупно 39 пратеници од етничките заедници.

На огласот за нов Народен правобранител се јавиле 17 кандидати.

Изборот на нов Народен правобранител доаѓа откако досегашниот омбудсман, Насер Зибери, соопшти дека на 12 јули 2025 година му престана функцијата Народен правобранител поради исполнување на условите за старосна пензија.

Насер Зибери замина во пензија

 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top