Македонија

Насер Зибери замина во пензија

Собранието  сè уште не назначи негов наследник

 

По четири години на функцијата Народен правобранител, Насер Зибери се пензионираше. Како што изјави за ТВ21, неговиот мандат на оваа позиција се карактеризираше со неговата континуирана посветеност на зајакнување на владеењето на правото, заштита на човековите права и обезбедување потранспарентна и одговорна администрација.

Иако се пожали дека соработката со институциите за спроведување на законот и правосудството не е на ниво, тој сепак вели дека е задоволен од постигнувањата.

Моментално, Македонија е без активен Народен правобранител.

„Тоа е, три месеци пред истекот на мојот мандат, Собранието мораше да го објави конкурсот, за да се спречи појава на празнина на чело на институцијата Народен правобранител. Конкурсот го објавија пред неколку дена, се појави празнина и институцијата нема Народен правобранител, сите активности во институцијата се блокирани, мноштво проекти со меѓународни фактори“, рече Зибери.

Собранието објави дека е потпишана одлуката за објавување на конкурсот за избор на нов Народен правобранител.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top