Македонија

Филипче мисли дека СДСМ ќе победи на следните парламентарни избори (ВИДЕО)

Последните анкети покажаа дека Филипче се надева на чудо

Лидерот на СДСМ Венко Филипче е убеден дека неговата партија ќе победи на следните парламентарни избори.

Во интервју за Канал 5 Филипче вели дека за него СДСМ е фаворит за победник на следните избори кога и да се случат.

Според Филипче двете причини за неговиот оптимизам е тоа што владата на ВМРО-ДПМНЕ нема пари во буџетот и затоа што владата на ВМРО-ДПМНЕ не направила ништо на власт.

Последните објавени анкети за рејтинг на политичките партии покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ има три пати поголема популарност меѓу гласачите од СДСМ.

Зошто Филипче мисли дека работата се сменила за неколку месеци засега не е јасно.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top