Македонија

Филипче предвиде пораз на ВМРО-ДПМНЕ но не најавува победа на СДСМ

Дали СДСМ во повторените избори работи во корист на ВЛЕН а против ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната промоција на програмата на Јовица Радевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница, најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби еден градоначалник.

Филипче не кажува дека СДСМ ќе победи туку дека ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби.

,,Од Брвеница почнува промената на власта на Мицкоски и ВМРО, граѓаните на локалните избори ќе испратат јасна порака до власта што ја изигра нивната доверба, ќе имаат еден градоначалник помалку”, порачува Филипче според кого власта ги изневерила очекувањата на граѓаните и на локално и на централно ниво.

,,Промената што ја нуди СДСМ во Брвеница значи конкретни решенија за секојдневните проблеми. Програмата на Јовица предвидува обновување и проширување на водоводната мрежа, решавање на проблемот со вода во Гургурница, пречистителна станица за Милетино, Челопек, Брвеница и Долно Седларце, како и реконструкција на улиците, локалните патишта и проширување на мостовите”, објави СДСМ.

На ланските локални избори СДСМ немаше никакви шанси за победа во Брвеница а ситуацијата е слична и сега.

Нивниот кандидат за градоначалник лани не беше во вториот круг каде ВМРО-ДПМНЕ за малку победи пред ВЛЕН. Овие две партии и сега се главни фаворити за победник.

Со најавата дека се бори ВМРО-ДПМНЕ да изгуби Филипче практично индиректно најави дека дава поддршка на ВЛЕН.

Најнови вести од: Македонија

To top