Македонија

Филков: За враќање на довербата во правосудството, почнуваме од Судскиот совет и Јавното обвинителство

Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и се очекува да биде усвоен до крајот на месецот, како што и беше предвидено. Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука, вели министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА, посочувајќи дека ова е клучен чекор […]

Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и се очекува да биде усвоен до крајот на месецот, како што и беше предвидено.

Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука, вели министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА, посочувајќи дека ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството.

Филков нагласува дека Министерството за правда го добило мислењето од Венецијанската комисија за Предлог- законот за Судскиот совет и тие забелешки веќе се разгледани.

„Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус“ – вели Филков во интервјуто за МИА кое во целост ќе биде објавено утре.

Кога зборуваме за доверба во правосудството, тоа, како посочува Филков, мора да почне од институциите што го водат системот – Судскиот совет и Јавното обвинителство и затоа тргнавме од таму.

„Советот, досега замислен како гарант на независноста, премногу често беше глув за скандали и молчеше кога требаше да дејствува. Сега тоа се менува. Воведуваме строги критериуми за избор и разрешување, обврска за транспарентност, контрола на интегритетот и, најважно, механизми за лична одговорност. Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука. За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака“, вели Филков.

Што се однесува до обвинителството, Филков уверува дека тоа повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување.

„Новиот закон ќе обезбеди отчетност, засилена контрола од јавноста, како и рамнотежа меѓу хиерархијата и професионалната слобода. Не сакаме обвинителство што калкулира, туку што постапува. Воведуваме систем за редовна и објективна евалуација на обвинителите, како и јасна линија на одговорност. И во овој закон, внимателно ги вградивме речиси сите клучни забелешки од Оценската мисија“, вели министерот.

До крајот на годината, Филков вели дека има уште една важна задача – носењето на новиот Кривичен законик, што не е само усогласување со европските стандарди, туку суштинска правна реформа која ќе ја модернизира казнената политика и ќе даде јасен одговор на организираниот криминал и корупцијата.

„Конечно ќе има јасни, остри и применливи одредби против корупцијата, злоупотребата на функција, организираниот криминал. Јас верувам во институциите и во нашиот капацитет да го испорачаме ова. Реформите не се само формалност – тие се одраз на нашата политичка волја, одговорност и визија за праведно општество“, нагласува Филков.

Министерот за правда Игор Филков во интервјуто за МИА, зборува и за сработеното во првата година од неговиот мандат, за измените на Изборниот законик, барањата за екстрадиции, ресурсите во правосудството и дигитализацијата…

Најнови вести од: Македонија

Утринава на Попова Шапка најстудено, минус 8 степени, но и најмногу снег, 31 сантиметар

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено. Претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Нобеловиот институт ja отфрли замислата на Мачадо да му ја „отстапи“ на Трамп наградата за мир

Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друга личност, да се подели или да се одземе, откако лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави дека може да му ја отстапи наградата за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп.

За Беџети, „кандидат за нобеловец за економија“, „легитимно е РСМ да се федерализира, а да се смени антиалбанскиот устав“!

„Барањето за федерализација на Македонија е легитимно, но тоа беше поништено уште во 2001 година. Албанската политика сега нема моќ ниту да го отстрани терминот ‘20 проценти’ во антиалбанскиот устав.“ – наведува д-р Неџат Беџети, професор по економија во државниот Универзитет во Тетово, кој инаку беше предложен од група од негови колеги-економисти во декември 2023 година како „кандидат за добивање Нобелова награда за економија“, со образложение дека „развил ‘Теорија на економскиот развој заснована врз демографското концентрирање“. Кандидатурата на Беџети била пријавена во Комитетот за Нобеловата награда, но друг ја имаше добиено.

Денес повторни избори за градоначалник во четири општини

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

Најнови вести

To top