Македонија

„Фол“: Пцуења, навреди и раскол во АА на Таравари, поради незадоволството, оти не победиле во ниедна општина!

„Анализата на резултатите покажува само неколку десетици гласови што ги има добиено Алијансата за Албанците на Таравари во неколку градови. Се очекува да се види што ќе се случи денес по состанокот на Централното претседателство на оваа партиска структура.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

„Пред состанокот на Централното претседателство, најавен за денес во Алијансата за Албанците на Арбен Таравари дознаваме од извори на сигурни информации дека започнале жестоки расправии во оваа партиска структура.“ – објави „Фол“ во својата информација со наслов „Пцуењa, навреди, раскол во Алијансата за Албанците на Таравари“.

Натаму порталот пишува: „Се дознава дека ДУИ не била задоволна од резултатот, кој го постигнала Алијансата на Албанците на Арбен Таравари на локалните избори. По ова внатре во оваа партиска структура започнале меѓусебните обвинувања. Според наши извори, во овие остри обвинувања, на кои имало и пцуења и навреди, и навреди, вклучени се високи функционери на Алијансата на Албанците на Таравари, кои држат важни позиции во партијата, но кои биле и на важни позиции во владата.“

„Алијансата за Албанците на Таравари досега не успеа да победи во ниедна општина. Во првиот круг тие доживеаја пораз во општините Сарај и Теарце во првиот круг, а локалните избори во Гостивар и Врапчиште ќе се одржат повторно. АА на Таравари не успеа да ѝ помогне на ДУИ во ниедна општина.“ 



Најнови вести од: Македонија

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top