Македонија

(Фото): Активно се работи на булеварот „Борис Трајковски“, „Момин Поток“ и на мостот на „Љубљанска“

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека конечно после три децении решавањето на булеварот „Борис Трајковски“ стана реалност.

Продолжува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека конечно после три децении решавањето на булеварот „Борис Трајковски“ стана реалност.

  • Се наоѓаме на трасата која се довршува во моментот, а тоа е довршување на дел од булеварот „Борис Трајковски“. Станува збор за околу километар траса каде што во минатото со неверување граѓаните гледаа. Како што кажав 30 години немаше барање на начин од страна на градските власти за да се озвозможи слободен пристап, функционална безбедна траса за граѓаните од Драчево, Зелениково, Студеничани, практично за 100.000 граѓани кои ги врзува овој булевар – рече скопскиот градоначалник.

Toj вели дека со силна динамика веќе втора недела се работи овде и имаме пробивање на трасата од 88 проценти.

  • Останатите 12 проценти – станува збор за уште три или четири објекти во наредните десетина дена ќе бидат пробиени и ќе имаме целосно овозможување на пристап односно почеток на реализација на овој булевар, кој во овој километар опфаќа нова автмосферска канализација, пешачко-велосипедски патеки и, пред се, безбеден коловоз бидејќи ова место во минатото знаеше да важи за една од црните точки во овој регион на Градот Скопје. Откако ќе биде довршен цел овој потег веднаш ќе бидат вградени два слоја на асфлат, ќе следи завршен, трет слој на асфалт којшто ќе го опфати делот од кружниот тек пред влезот на Драчево до Пинтија, или поточно два километри бидејќи едната половина е оставена во минатото во состојба да нема завршен слој – рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Рокот за завршување на работите, како што додаде, е до Нова година, но следејќи ја динамиката, ако вака продолжи како што е започната компанијата изведувач да работи, мислам дека многу порано од крајот на оваа календарска година ќе стигнеме со реализација.

  • Вкупниот износ е два милиони евра за изградба на цел овој потег – рече скопскиот градоначалник.

Паралелно со булеварот на овој потег се изведува и комплетната фаза од хидротехниката, односно 610 метри атмосферска канализација со цевки Ф800, Ф600, Ф500, Ф400 и Ф300. Булеварот ќе има четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека. Градоначалникот на Скопје информираше дека паралелно со ова се работи на клучката „Момин Поток“, а веќе се започнати градежните работи на мостот на Љубљанска.

  • Значи дека сите проекти од минатото, кои беа започнати а далеку од фаза на реализација, сега се комплетирани. Завршени се имотно-правните односи и грабиме напред кон решавање на овие долгогодишни проблеми на граѓаните – изјави Ѓорѓиевски.

На новинарско прашање во врска со сметот во градот, рече дека се уште се работи со старата механизација која што е наследена.

  • Кога станав градоначалник имавме 16 камиони на располагање, сега бројката се движи околу 60 камиони кои се функцинални, но важно е дека се заврши тендерската постапка и за брзо ќе стигнат околу 40 мкамиони за Градот Скопје. Од друга страна, пак, е недостатокот со контејнери на микро локациите. Знаете дека некаде каде што треба шест има еден контејнер. Во финална фаза сме и на постапката за набавка на контејнери. Околу 2600 контејнери за 15 до 20 дена треба да започнат да се испорачуваат за Градот Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Во врска со директорот на Универзална сала, тој рече дека сега таму има в.д директор којшто е од редот на вработените Миро Кацаров. Таму имавме спроведено повик којшто пропадна и мораше да се назначи в.д директор од вработените во институцијата, а во наредниве седум дена ќе биде спроведена постапка за повторно да биде избран нов директор.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред сам да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top