Македонија

(Фото): Летово најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат подготвени за брз одговор

Артан Демири од Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир рече дека располагаат со повеќе возила и можат да помогнат при пожари и други елементарни непогоди, додека претседателот на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, Златко Илиев, посочи дека најголем проблем претставуваат финансирањето, набавката на опрема и високите давачки за увоз на возила.

Дирекцијата за заштита и спасување ова лето ќе располага со најмалку 120 доброволни пожарникари кои ќе бидат подготвени за итен ангажман при пожари на отворен простор, најави директорот Стојанче Ангелов по средбата со претставници на доброволните противпожарни друштва. Според Ангелов, договорено е секое доброволно противпожарно друштво однапред да определи број на свои членови кои ќе бидат дел од тимовите за брз одговор на ДЗС и ќе можат веднаш да бидат испратени на терен кога ќе се појави пожар. Тој појасни дека Дирекцијата воведува и нов модел на координација, со поедноставен синџир на командување, при што наместо комуникацијата да оди преку локалните подрачни единици, ќе бидат назначени координатори кои директно ќе ги организираат доброволците.

  • „Доколку избие голем пожар, ќе можам веднаш да контактирам со одговорното лице кое ќе ги мобилизира потребните доброволци и ќе ги испрати на местото на интервенцијата. Така ќе добиеме многу побрза реакција и поефикасна организација“, истакна Ангелов.

Директорот на ДЗС нагласи дека целта е ова лето ангажманот на Армијата и полицијата во гаснењето пожари да биде сведен на минимум, а главниот товар да го понесат обучените доброволни пожарникари.

  • „Најголемиот дел од нив имаат искуство од бројни интервенции и се подготвени да помогнат. Секако, доколку се појават пожари што ќе ги загрозат животите и имотот на граѓаните, ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети на државата, вклучително и Армијата и полицијата“, рече Ангелов, посочувајќи дека пожарите во околината на Солун се предупредување колку брзо ситуацијата може да излезе од контрола.

Тој се осврна и на јавните реакции околу дневниците за доброволците, појаснувајќи дека претходно мислел на членовите на тимовите за брз одговор на ДЗС, а не на сите доброволни пожарникари.

  • „Доброволните пожарникари во моментов не добиваат надомест од државата. Се извинувам доколку мојата претходна изјава беше погрешно разбрана. Сметам дека нивниот труд треба да биде вреднуван и во иднина тие што ќе бидат ангажирани во тимовите за брз одговор ќе добиваат дневници, чија висина ќе зависи од условите и должината на ангажманот“, рече Ангелов.

Претставниците на доброволните противпожарни друштва истакнаа дека и досега работеле без финансиска поддршка од државата, но се подготвени активно да учествуваат во гаснењето шумски пожари.

Артан Демири од Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир рече дека располагаат со повеќе возила и можат да помогнат при пожари и други елементарни непогоди, додека претседателот на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, Златко Илиев, посочи дека најголем проблем претставуваат финансирањето, набавката на опрема и високите давачки за увоз на возила.

Сличен став изнесе и Александар Ангелевски од битолското доброволно противпожарно друштво „Архангел“, кој нагласи дека нивната работа се темели на волонтерство и дека им е потребна финансиска поддршка за сервисирање на возилата, опрема и логистика.

Ангелов информираше дека со предложениот ребаланс на Буџетот се очекуваат повеќе средства за тимовите за брз одговор, а неодамнешните измени на Законот за заштита и спасување ќе овозможат побрза мобилизација на доброволците. Со законските измени е зголемена и старосната граница за учество во тимовите – до 64 години за мажи и до 62 години за жени. Осврнувајќи се на актуелната состојба, директорот на ДЗС рече дека пожарната сезона започнала порано од вообичаено и дека речиси секојдневно се регистрираат повеќе од десет пожари на отворен простор. Тој оцени дека навременото прогласување кризна состојба од 1 јули и подобрата организација на службите овозможуваат тие засега успешно да се ставаат под контрола, посочувајќи го неодамнешниот голем пожар кај Штип, кој го загрозуваше градскиот водовод, но бил изгаснат благодарение на брзата интервенција на професионалните и доброволните пожарникари.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

To top