Македонија

(Фото): Министерството за одбрана ги објави сумите – Колкави се платите на војниците?!

Според податоците на МО, просечната основна плата на еден професионален војник изнесува 35.700 денари, додека на полковник е околу 70.200 денари. На овие суми се додаваат дополнителни 23.000 денари за закупнина, храна и превоз, како и додатоци за дежурства и ноќна работа.

Министерството за одбрана останува на ставот дека секое барање што доаѓа од страна на синдикалните претставници треба да се разгледа низ дијалог и во целост се сложуваме од тој аспект со изјавата на претседателот на Независниот синдикат на одбраната, велат од Министерството за одбрана по денешната прес-конференција на Синдикатот на одбраната каде синдикалците истакнаа дека платата на вработените во МО не е зголемена цели две години, откако е донесен новиот Закон за служба во Армијата.

  • Она што би сакале да истакнеме е дека Министерството за одбрана заедно со Генералштабот во континуитет работи на подобрување на стандардот како и условите за работа на сите припадници на македонската Армија како и на вработените во Министерството за одбрана.

Но, во овој случај сакаме да потенцираме дека за прв пат навремено се исплаќаат сите надоместоци согласно Колективниот договор, а кои вклучуваат надоместоци за закупнина, храна, превоз во висина од над 23.000 денари, како и додатоци за прекувремени часови, ноќна работа, дневници за дежурство согласно ангажманот, што е дополнителен додаток покрај основната сума за секое работно место односно звање и чин. Уште еднаш да нагласиме дека ова редовно се исплаќа за прв пат.

Просечната основна плата без додатоци на професионален војник изнесува околу 35.700 денари, а на полковник изнесува околу 70.200 денари. Кога на ова ќе ги додадете сите останати додатоци кои се земаат согласно Колективниот договор ќе добиете поинаква бројка на висината на примањата од онаа што ја изнесе претседателот на НСО, полковникот Јуришиќ.

Би сакале да нагласиме дека поради одлуките кои се донесени од страна на претходната Влада во изминативе неколку години е нанесена огромна штета кон самите припадници, а со тоа и по буџетите за одбрана за минатата и предминатата година, за што само во овие година и половина се исплатени огромни суми по основ на судски и извршни пресуди.

Како за илустрација, минатата 2025 година во два наврати во мај и во декември 2025 година се исплатени 107.000.000 денари (речиси 1.800.000 евра) по основ на неисплатени финансиски средства за 2019, 2020 и 2021 година за прекувремени часови за припадниците на Армијата. А во меѓувреме за прв пат редовно се исплатуваат сите обврски на месечно ниво (плата, прекувремени, ноќна работа, стража, закупнина, превоз, храна).

Во однос на прашањето на регулирање на статусот на професионалните војници, би сакале да нагласиме дека согласно Законот за служба во Армијата, во овој момент секој припадник кој ќе наполни 45 години има право на избор дали да земе отпремнина во висина од 2 просечни плати за секоја измината година во Армијата (сума помеѓу 30000-40000 евра) или да биде задржан на работа како цивилно лице во Армијата, Министерството за одбрана или во останатите државните или јавните институции се до исполнување на условите за пензионирање.

Но, во заедничка координација на Министерството за одбрана и Генералштабот која беше споделена и со претставниците на НСО на последниот состанок, беше презентирано дека се разгледуваат можностите за измени токму во тој дел односно на задржување на дел од професионалните војници по 45 година како дел од структурите на Армијата во специфични служби.

Уште еднаш напоменуваме дека ова не е иницијатива на НСО, но Министерството и Генералштабот истата ќе ја подготви во консултација со сите претставници на синдикати во насока заеднички да изнајдеме најдобро можно решение за нашите професионални војници.

Министерството за одбрана и Генералштабот секогаш се и ќе бидат на страната на своите вработени, затоа што само со мотивирани вработени можеме во континуитет да го одржуваме високото ниво на подготвеност за одговор на предизвиците, велат од Министерството од каде споделија и табела со месечните примања на вработените во одбраната.

  • Во табелата подолу е прикажано колку може да се движи платата на професионален војник и на полковник. Напоменуваме дека основната плата и додатоците (закупнина, храна и превоз) му следува на секој припадник на Армијата и вработен во министерството, а останатите елементи е согласно ангажманот на припадниците. Би сакале да нагласиме информација за примањата може да ја дадеме согласно звањата  односно работните позиции, а не на личните примања на секој припадник поединечно, поради класифицираност на податоците, нагласија од МО.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ, „кој е сериозно загрижен за уставниот поредок“: Секој има право да праќа писма, но моите чувства за прогон сè се посилни!

„Секој има право да си се допишува и да праќа писма, но моите чувства се сѐ посилни!“ – , рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став на информацијата дека лидерот на СДСМ Венко Филипче испратил писма до сите официјални институции во ЕУ, но и до сите амбасадори во земјава по изјавата на премиерот дека „има чувство оти можеби ќе има прогон на поранешни функциониери од сегашната опозиција“.

ИНА: По пронајдена марихуана и кокаин, подготвени за продажба, лишен од слобода синот (16) на ексградоначалничката на Тетово Теута Арифи и на судија на Врховен суд! (ВИДЕО)

„Вчеравечер е изведена изненадувачка полициска акција во куќата на поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи. Во доцните вечерни часови полициските сили отидоа во куќата на Арифи по низа сомневања поврзани со нејзиниот малолетен, 16-годишен син, осомничен за продажба на наркотични средства, дрога. Според информациите, синот на Теута Арифи бил придружуван во полиција, исто така од еден од неговите родители, актуелен судија во Врховниот суд.“ ова го објави „Алмакос“, пренесувајќи ја веста на информативната агенција Илирија-ИНА.

Зелените компетенции влегуваат во угостителството – од професионалната кујна до училницата

Во време кога одржливоста повеќе не е избор, туку потреба, HoReCa секторот се наоѓа на пресвртница. Еразмус+ проектот „Зелената иднина на HoReCa“ има за цел да ги поддржи професионалците и едукаторите во оваа трансформација – од намалување на отпадот и повисока енергетска ефикасност, до градење нова култура на одговорно лидерство.

Најнови вести

To top