Македонија

(Фото): Мицкоски оствари средба со Пленковиќ – разговарале за европската перспектива и реформите

Премиерот Мицкоски со хрватскиот колега Пленковиќ разговарал за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, како и за важноста од продолжување на реформските процеси согласно со европските стандарди.

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средби со премиерот на Косово, Албин Курти, и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата со Курти, како што наведе Мицкоски, разговарале за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка, како и за заедничките предизвици и можности за развој на двете земји.

Со хрватскиот премиер Пленковиќ, пак, разговарал за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, како и за важноста од продолжување на реформските процеси согласно со европските стандарди.

Мицкоски посочи дека продолжува отворениот и конструктивен дијалог со европските партнери, со цел градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните, како и стабилен, поврзан и просперитетен регион. Мицкоски посочи дека продолжува отворениот и конструктивен дијалог со европските партнери, со цел градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните, како и стабилен, поврзан и просперитетен регион.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top