Македонија

(Фото): Не отворајте линкови од лажни СМС пораки, предупредува УЈП

Граѓаните се повикуваат да го споделат предупредувањето со своите блиски, со цел да се спречат можни злоупотреби.

Управата за јавни приходи предупредува дека денеска до граѓани пристигнуваат лажни СМС пораки испратени во име на институцијата, преку кои се прави обид за измама и можна злоупотреба на лични и финансиски податоци. Во пораките, кои се испраќаат со приложен линк, се наведува: „Потсетник на УЈП: Статутот на вашата сметка за социјално осигурување е абнорамaлен. Препорачуваме да го решите проблемот што е можно поскоро“. Од УЈП апелираат до граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични, банкарски или други чувствителни податоци доколку ја добијат ваквата порака.

  • Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци – предупредуваат од Управата.

Граѓаните се повикуваат сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата, односно преку официјалната веб-страница, е-услугите и официјално објавените контакт-адреси и телефонски броеви. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на:

Е-пошта: info@ujp.gov.mk

Инфо центар: 0800 33 000 (само од фиксни оператори)

Телефон: 02 3253 200

Веб-страница: www.ujp.gov.mk

Од УЈП дополнително апелираат граѓаните да не кликаат на линкови од сомнителни SMS пораки и да не споделуваат лични или податоци поврзани со нивните банкарски сметки.

Граѓаните се повикуваат да го споделат предупредувањето со своите блиски, со цел да се спречат можни злоупотреби.

Најнови вести од: Македонија

To top