Македонија

(Фото): Огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот

Николоски-Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Македонија, Абдула Ал Себуси, на која беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, со акцент на ависообраќајот, инфраструктурата и туризмот.

Посебен фокус на средбата беше ставен на можностите за соработка во авиосообраќајот и воспоставување на нова авиолинија помеѓу двете земји. Исто така се отворија и прашањата за инвестиции во транспортната инфраструктура, вклучително и во реализацијата на крупни инфраструктурни проекти кои имаат регионално значење.

Се разговараше и за унапредување на туризмот меѓу двете земји како и за потенцијалот за инвестиции во туристичката инфраструктура и развој на нови туристички понуди. Вицепремиерот Николоски ги потенцираше инвестициските можности и услови што ги нуди Македонија за странските инвеститори, посочувајќи ги поволната географска положба на земјата, нејзината поврзаност со регионалните транспортни коридори, како и можностите за реализација на проекти од стратешко и инфраструктурно значење.

На средбата беше истакнат и потенцијалот за воспоставување на соработка со компании и инвеститори од Обединетите Арапски Емирати во повеќе стратешки области од значење за Македонија. Беше заклучено дека постои огромен простор за соработка, а целта е во наредниот период да се создаваат услови за реализација на конкретни инвестиции и проекти од заемен интерес.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top