Македонија

(Фото): Поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните во 2026, очекува Силјановска-Давкова

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции, вели претседателката.

Создавање поповолна бизнис-клима во 2026 година, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните, очекува претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Затоа, вели, улогата на државата е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо престројување, развој и системска поддршка на бизнисот.

  • Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо престројување, развој и системска поддршка на бизнисот. Искрено посакувам и очекувам, 2026 година да биде насочена кон создавање поповолна и поконкурентна бизнис-клима што ќе резултира со стабилен раст и подобар стандард за граѓаните – рече претседателката Гордана Силјановска-Давкова пред врачувањето на признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година што го доделува Сојузот на стопански комори под нејзино покровителство.

Силјановска-Давкова, заедно со првиот човек на Сојузот на стопански комори им врачија признанија на успешни домашни компании „Македонски квалитет“ за 2025 година. Претседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски очекува уште побра бизнис-клима во годината пред нас.

Шефицата на државата напомена дека наградите не се случаен подарок, туку логична последица на стратегиско размислување и системско вложување во креативен човечки капитал, во современи технологии.

  • Препознаваме, афирмираме и наградуваме вредности како стандард, квалитет, одговорност и посветеност. Наградите потврдуваат дека успехот е резултат на визија, истрајност, знаење и храброст. Компаниите што ги наградуваме ги персонифицираат зрелоста и потенцијалот на македонското стопанство да креира одржливи модели на раст, да генерира иновации и да одржува динамична, но стабилна бизнис клима – потенцира Силјановска-Давкова.

Признанија добија 11 компаниии, кои целат за поголеми успеси во преидот што претстои.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top