Македонија

(Фото): Постои сомнеж дека пожарот во „Дрисла“ е подметнат

Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата „Дрисла“. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно.

  • „Ќе потсетам само дека летово имавме рекордно високи температури но Дрисла не се самозапали“, рече Ангелов.

Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.

Инаку, дури десет противпожарни возила со сите сили работат на гаснење на големиот пожар кој избувна попладнево во скопската депонија „Дрисла“. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, информира дека била побарана дополнителна помош од ЈП „Комунална хигиена“, од каде се пратени две цистерни за дотур на вода кои ги надополнуваат противпожарните возила на терен.

  • Се надеваме дека за брзо време пожарот ќе биде целосно изгаснат – изјави Томевски.

Иако бил побаран авион на Дирекцијата за заштита и спасување за помош при гасењето, за жал, немало услови за интервенција од воздух.

Командантот Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири кон околната борова шума и да предизвика дополнителен шумски пожар, којшто можел да ги загрози и блиските објекти.

Противпожарните екипи, како и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“, продолжуваат со интензивна интервенција, а граѓаните се повикуваат на внимателност и избегнување на близината на депонијата додека пожарот не биде целосно локализиран.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top