Македонија

(Фото): Цела недела нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Македонија влегува во период на променливо и нестабилно време, со сончеви паузи, но и со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според временската најава на УХМР, локално процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и силен ветер над 60 километри на час. Нестабилноста ќе се прошири на повеќе места кон петок и за време на викендот.

Не чека цела недела нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во западните и централните делови од земјата денеска има врнежи од пороен дожд и ретки грмежи, а облачната маса се движи од југ кон север, се вели во краткото соопштение од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Оттаму најавуваат дека периодот на нестабилност ќе трае и за време на претстојниот продолжен викенд.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот, а кое ќе биде проследено со умерен до засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од над 50 километри на час.

Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток се очекува изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во петок и во деновите од викендот нестабилноста ќе се прошири на повеќе места. Се очекуваат пообилни врнежи, грмежи и засилен ветер.

  • „Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Се очекуваат над 20 литри на квадратен метар дожд, грмежи и силен ветер со брзина над 60 километри на час“, велат од УХМР.

Инаку, денеска во 11 часот најниската температура од три степени е измерена на Попова Шапка, а најтопло било во Гевгелија, каде се измерени 22 степени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top