Македонија

Генералниот секретар Адем Чучуљ „прв пик“ за нов претседател на ДКСК

Првиот оперативец на Антикорупциската комисија доби 96,50 бода од Комисијата за оценување на кандидатите

Адем Чучуљ, актуелен генерален секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), доби најмногу поени (96,50) од Комисијата за селекција на кандидати за претседател на ДКСК, формирана од собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата,

Комисијата за селекција на кандидати оценува дека Чучуљ покажал искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Втор со 86,33 бодови е Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, актуелен помошник на Главниот ревизор, а трет 81,83 бодови е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да биде свикана утре и да го изгласа кандидатот за претседател на ДКСК по претходно направената селекција од Комисијата за селекција на кандидати.

За прв човек на ДКСК се пријавија 13 кандидати, еден од нив ги повлече документите, а за двајца се утврди дека не ги исполнуваат условите.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

To top