Македонија

Георгиев до Македонија: Уставот мора да се промени, бидејќи ниту една земја не влегла во ЕУ без да плати цена

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, преку Австрија ѝ испрати порака на Македонија дека нема план Б во однос на нејзиното пристапување кон Европската унија со придржување до Преговарачката рамка што го содржи т.н. Француски предлог. „Нема План Б. Постои само еден план, а тоа е: исполнување на консензусот, промена на Уставот, исполнување […]

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, преку Австрија ѝ испрати порака на Македонија дека нема план Б во однос на нејзиното пристапување кон Европската унија со придржување до Преговарачката рамка што го содржи т.н. Француски предлог.

„Нема План Б. Постои само еден план, а тоа е: исполнување на консензусот, промена на Уставот, исполнување на условите. Ниту една земја не добила членство во Европската унија бесплатно. Сите плативме цена, сите се придржувавме до поставените критериуми. Преговарачката рамка што Европската унија ја договори со Република Северна Македонија е јасна и категорична. Јас сум сигурен дека самата Европска унија нема да дозволи сомнеж во својот став преку некакво заобиколување на правилата“, изјави Георгиев за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Тој рече дека лично разговарал со својот австриски колега за процесот на преговорите на Македонија со ЕУ и лично бил уверен дека нема да има промена во позицијата на Австрија за преговарачката рамка на Скопјe за почеток на преговорите за членство.

„Не можам да одговорам на прашањето дали Скопјe бара поддршка од Австрија за да го заобиколи францускиот предлог – тие веројатно бараат таква поддршка, а дали ќе ја најдат е друго прашање. Нашата улога во овој случај е да обезбедиме ЕУ да продолжи да се придржува до европскиот консензус. Разговарав со мојот австриски колега и го уверив дека нема ниту еден сантиметар отстапување од она што Северна Македонија треба да го направи – да го измени својот Устав и да ги исполни критериумите што се поставени. Кои тврдења ги шири другата страна е посебно прашање“, рече Георгиев.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top