Македонија

Ѓорѓиевски: Подземниот булевар „Македонија“ ќе го растовари метежот во центарот на Скопје

Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси

Промени во сообраќајната иднина на Скопје, пресврт за централното градско подрачје најави денеска кандидатот за градоначалник за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Денеска, тој ја најави, првата фаза од булеварот „Македонија“, клучен проект кој ќе го растовари метежот во центарот на Скопје.

-Новиот кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“ ќе донесат побезбеден проток и паметни сообраќајни решенија според европските стандарди.

Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ја добива првата подземна сообраќајница во нашиот град, нешто што досега било несвојствено за нашата држава.

Таа ќе има 6 ленти, 4 за двосмерен сообраќај на автомобили, две за автобуси и дополнителни тротоари. Со оваа подземна сообраќајница под „Лимак“, сообраќајот ќе тече, би рекол, сосема непречено, а центарот ќе доживее значително растоварување, што ќе го направи движењето низ целиот град многу покомфорно и побезбедно. Мислам дека ќе успееме да постигнеме и целосно ослободување од метежот во центарот, бидејќи предвидуваме уште едно капитално решение , а тоа е улицата „Даме Груев“ да премине во булеварско решение. Иако постојат предизвици со зградата на „Макотекс“, имаме јасен план за правно и техничко решение, нагласи Ѓорѓиевски.

Смета дека со реализацијата на овој проект, централното градско подрачје ќе биде речиси целосно растоварено, создавајќи современ, урбан и проточен простор кој ќе го трансформира секојдневното движење на граѓаните.

-Би го споменал и паркирањето, кое е еден од најголемите проблеми за скопјани, посебно во Центар. Сметам дека значително ќе го подобриме со изградбата на современа катна гаража од европски тип на местото на местото од дотраените бараки и постојниот монтажен паркинг во Буњаковец.  Дополнително, преку монтажни паркинзи во Капиштец и Под Кале ќе им овозможиме на жителите и многу поудобен пристап до паркинг, вели Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top