Македонија

„Голема Албанија“ не изостана ни од годинашното одбележување на 28 Ноември на запад од Македонија

Западниот дел од Македонија вклопен во големоалбанската сложувалка од ученици на западниот македонски сосед

Влажните соништа за „Голема Албанија“ не го одминаа ни годинашното одбележување на Денот на независноста на западниот сосед на Македонија, 28 ноември, во чија чест ученици составија сложувалка со картата на замислената државна творба со делови од шест балкански земји, меѓу кои и Македонија.

Во државата што еврокомесарката за проширување Марта Кос неодамна среде Тирана ја испофали како „пример за трансформативната моќ на евроинтеграцијата“ децата и понатаму се воспитуваат во духот на големодржавните идеи што посегнуваат по територијата на соседите, што го потврдува фотографијата.

Покрај половина Република Македонија, „Голема Албанија“ опфаќа и делови на Грција, Србија, Црна Гора и цело Косово.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top