Македонија

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава.

Наградната игра започнува на 14 август во 10.00 часот и ќе трае сѐ до 21 октомври до 20.00 часот. Право на учество имаат сите посетители, жители на земјава, кои во овој период ќе купат производи од над 1.000 денари. За секоја приложена сметка над оваа вредност од кој било продажен објект во Diamond Mall, купувачите добиваат купон за учество во наградната игра, кој можат да го подигнат на информативниот пулт. Доколку вредноста на сметката е над 2.000 денари, купувачот добива два купони. Купувачите кои ќе приложат повеќе сметки со збирна вредност од над 1.000 денари, исто така ќе можат да добијат купон за учество во наградната игра.

Покрај автомобилот Geely Cityray како главна награда, посетителите ќе имаат можност да освојат и ваучери за шопинг во Diamond Mall. Предвидени се два ваучери во вредност од по 50.000 денари, четири ваучери од по 25.000 денари, осум ваучери од по 10.000 денари, како и десет ваучери од по 5.000 денари. Оваа година Diamond Mall воведува и дополнителна бенефиција во партнерство со Халк Банка.

Купувачите кои ќе извршат трансакција над 1.000 денари со платежните картички од Халк Банка ќе добијат два купони, додека за трансакција над 2.000 денари ќе добијат четири купони.

„Третиот роденден за нас е уште една можност да им се заблагодариме на нашите купувачи и да им возвратиме за довербата што ни ја даваат во изминатите три години. Наградната игра е дел од роденденската програма, но и начин нашата прослава да ја споделиме со оние кои се дел од приказната на Diamond Mall.

Оваа година особено ни е важно роденденската програма да има и поширока вредност за заедницата. Веруваме дека најубавите прослави се оние што создаваат убави моменти, но оставаат и нешто вредно зад себе“, изјави директорката на Diamond Mall, Селин Анил Октај. Својот трет роденден Diamond Mall го одбележува со поширока програма, преку која трговскиот центар, покрај забавниот дел, реализира и иницијативи насочени кон создавање дополнителна вредност за заедницата. Една од нив е платформата „Diamond Mall – Центар за економско зајакнување на жените“, во рамки на која се реализира програма за едукација и менторство наменета пред сè за жени од ранливите категории.

Најнови вести од: Македонија

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top