Македонија

Ѓорге Иванов: Дијалогот е единствен пат кон мир и стабилност

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

Во периодот од 22 до 24 јуни во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во соработка со Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери.

Конференцијата собра поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни организации, универзитетски професори, истражувачи, претприемачи и млади лидери од Европа и Азија. Учесниците дебатираа за актуелните глобални предизвици, безбедноста, економската соработка, дигиталната трансформација и улогата на младите во современото општество.

На свеченото отворање, поранешниот претседател Ѓорге Иванов истакна дека во услови на растечки глобални предизвици, мирот и стабилноста можат да се обезбедат единствено преку дијалог, почитување на различностите и заедничка одговорност.

Обраќања имаа и вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, амбасадорката на Народна Република Кина во земјава Џијанг Сјаојан и потпретседателот на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање, Лиу Хонгцаи.

Во рамките на конференцијата се одржаа повеќе панел-дискусии посветени на меѓународниот мир и безбедност, економскиот развој на Кина и соработката со земјите од Централна и Источна Европа, цивилизацискиот дијалог, дигиталната трансформација, како и на улогата на младите во услови на брзи глобални промени.

Во заклучоците од конференцијата беше нагласено дека современите глобални предизвици бараат интензивирање на меѓународната соработка, почитување на различностите и постојан дијалог меѓу државите, институциите и граѓанските организации.

Организаторите изразија благодарност до сите учесници, говорници и партнери за придонесот во успешната реализација на конференцијата, истакнувајќи дека дијалогот останува клучен инструмент за градење мир, разбирање и соработка меѓу народите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top