Македонија

Ѓорѓиевски: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани! (ВИДЕО)

По години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.

 

Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ,,Лотосов цвет”, денес повторно блеска, објави синоќа на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
По години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.
Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост.
Нека „Лотосов цвет“ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени.
Од денес, ова катче повторно ќе живее, полно со луѓе, енергија и живот“ почача градоначалникот во објавата

Најнови вести од: Македонија

Бујар Османи ја кодоши Македонија пред меѓународната заедница

Тврди дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top