Македонија

Ѓорѓиевски: По две децении Драчево пак доби кино

Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во населбата, простор што треба повторно да стане собиралиште за уметност и заеднички доживувања

По две децении пауза, Драчево повторно доби кино, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека станува збор за враќање на културниот живот во оваа населба.

Ѓорѓиевски посочи дека иницијативата била започната уште пред завршувањето на неговиот мандат како градоначалник на Општина Кисела Вода, а денес, како што наведе, таа визија станала реалност. Според него, целта била културните содржини повторно да им бидат достапни на жителите во нивната средина.

Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор што треба повторно да стане собиралиште за уметност и заеднички доживувања. Со отворањето, жителите на Драчево ќе станат дел од проектот „Киноверзум“ и ќе имаат можност да ги следат најновите филмски остварувања и светски хитови без да патуваат до другите делови на градот.

Градоначалникот оцени дека со овој чекор културата повторно станува достапна и современа, отворајќи ново поглавје во општествениот живот на населбата, со очекување салата да биде исполнета со публика и позитивна атмосфера.

ѐ

Најнови вести од: Македонија

Екс-директорите на Онкологија, Васев и Нухи, остануваат во притвор, не помага ниту гаранција од 350.000 евра

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од постапката.

To top