Македонија

Градот се дави во смет, Данела глуми инфлуенсер – ВМРО-ДПМНЕ и посака брзо опоравување

Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема да ја коментираме Данела Арсовска. Ѝ посакуваме добро здравје и брзо опоравување

Додека Данела Арсовска се прави инфлуенсерка и троши време на театар, јавните претпријатија во Град Скопје штрајкуваат, вработените немаат плати, а Скопје е пред колапс – оцени ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема да ја коментираме Данела Арсовска. Ѝ посакуваме добро здравје и брзо опоравување. Јасно нѝ е, а и сите експерти кои ги консултиравме, тоа ни го потврдија дека ова нејзино однесување е надвор од нејзината волја и е посилно од нејзе.

Се надеваме дека ќе се избори со работите кои ја оптоваруваат, и иако ова однесување не доликува на дама, овие зборови, пцовки и изливи на емоции не се нормални, ги повикуваме сепак граѓаните да не ја судат за ова.

Нејзиното неработење и грешки како градоначалник се едно, а ваквите изблици на емоции и отскокнување од нормалното и пристојното се сосема друга работа, за што се надеваме дека ќе успее да го надмине ова и да се стабилизира. Мандатот, за среќа на сите, а и нејзина, ѝ завршува.

Очигледно и беше преголем товар и не се снајде, правњјќи грешки, неработејки и создавајки тензии и соработка со најголемите бандити и криминалци од ДУИ, за кои се зборува дека имаат удел во она што таа денес го претставува како личност.

Ние направивме грешка во проценката за неа, водени од најдобри намери, и за доброто на Скопје, за што жалиме и извлекуваме поука, но ваква грешка нема да се повтори и Скопје го чекаат многу проекти, многу работа и многу заеднички успеси на кои ќе се гордеат скопјани и сите ние. А ова време изгубено да биде поука за сите нас, од која мора да научиме.

Исто така сакаме да напоменеме дека по нејзиниот мандат во град Скопје ќе има детална ревизија на работењето со која ќе види јавноста, а и институциите кои се вистинските причини за некои работи, настани и нечие однесување“ – се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top